ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ е против пензионерите?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, ја прашува СДСМ, дали дали покрај тоа што тактизира со носење на Законот за бранители е и против пензионерите во Република Македонија?

Владејачката пртија реагира на ставот на претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова, дека власта не сакала да го донесе Законот за бранители.

„Цветанка Иванова тактизира при водењето на седниците. Целата двојна игра ја потврдува вистинитоста на изјавата на Ѓунер Исамил, дека СДСМ го поддржа Законот за бранители од чисто тактички причини, а не дека мисли нешто добро за тој Закон. Неодговорното работење и водење на комисијата од страна на Цветанка Иванова, преку незакажување на седници го загрозува и ветеното зголемување од страна на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на пензиите за 5 проценти, кој што Закон е во рамките на Комисијата за труд и социјална политика. Двојната игра на СДСМ се покажа на дело“, пишува во писмената реакција од владејачката партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Се зголеми бројот на пратеници на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ