Јункер: Првпат во европската историја држави од ЕУ не применија усвоени одлуки

Од:

По првпат во европската историја држави од ЕУ не применија веќе донесени одлуки, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер пред Европскиот парламент, јави БТА.

Тој го критикуваше однесувањето на некои земји од ЕУ, кои не ги почитуваа воведените квоти за мигрантите.

– Треба да докажеме дека без ЕУ, ниту една држава нема да се справи сама со економијата, невработеноста, миграцијата и тероризмот. Нека не се мешаат темите за миграцијата со тероризмот. Треба да знаеме кога терористи ги минуваат нашите граници, посочи Јункер.

Тој изрази очекување новата агенција на ЕУ за азил да проработи набрзо како европската гранична служба.

– Официјално повикувам да ги завршиме промените во регулативата од Даблин до јули, изјави претседателот на ЕК.

Јункер додаде дека вчерашната изјава на британскиот премиер Тереза ​​Меј за намерите на Лондон по претстојните преговори со ЕУ за прекин на досегашните односи, не е активирање на вистинската постапка. Тој истакна дека откако Велика Британија официјално ќе поднесе барање за напуштање на ЕУ, се предвидува рок од две години за преговори.

– Често нашите дилеми и разлики одат во корист на екстремистите и еврофобите. Се надевам дека оваа година младите ќе погледнат кон Европа, изјави Јункер.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ