САД доставија 500 милиони долари во фондот на Обединетите нации за борба против климатските промени.
Со оваа сума двојно се зголемува придонесот на САД во „Зелениот климатски фонд“ до една милијарда долари од 2016 година, само неколку денови пред администрацијата на претседателот Барак Обама да си замине од Белата куќа.
Фондот им помага на сиромашните земји да ја намалат емисијата на штетни гасови преку развивање на еколошки чиста енергија и зголемување на приватните инвестиции.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп и повеќе републиканци од Конгресот се противат на програмата и тврдат дека фондот не добил изрична поддршка од законодавното тело.
Во 2014 година богатите земји ветија дека ќе внесат во фондот десет милијарди долари во првиот круг од финансирање, а конкретно САД ветија три милиајрди долари.