Најавена реакција на Додик, по воведувањето санкции од САД

Од:

Претседателот на Република Српска Милорад Додик претпладнево ќе одржи прес-конференција по повод одлуката на Вашингтон да му се воведат санкции, кои подразбираат забрана за патување во САД, замрзнување на имотот на територијата на таа држава, како и во сите земји кои ќе се придружат кон санкциите.

Воведувањето на санкциите синоќа го потврди и американската амбасадорка во БиХ Морин Кормак, во порака објавена на ЈуТјуб каналот на Амбасадата на САД.

– Денеска Канцеларијата за контрола на имот на странци при Министерството за трезор, во консултации со Стејт департментот, воведе санкции против Милорад Додик, претседател на Република Српска, а одредбата одобрува санкции против лица за кои е утврдено дека активно опструирале или претставуваат значителна опасност во активна опструкција на спроведување на Дејтонскиот мировен договор, изјави Кормак.

Таа рече дека Додик се спротивставил на Уставниот суд на БиХ и го прекршил законот, како и тоа дека претставува значителна опасност за спроведувањето на Дејтонскиот договор.

– Оваа мерка претставува наша цврста определба за Дејтонскиот договор, суверенитет и територијален интегритет на БиХ и континуирана европска интеграција на земјата, додаде американската амбасадорка во БиХ.

Како резултат на санкциите, секој дел од имотот или интерес за имот на Додик, а кој е во посед или под контрола на лице од САД или се наоѓа во САД, мора да биде блокиран, истакна амбасадорката.

– Покрај тоа, генерално се забранети трансакции на државјани на САД, а кои го вклучуваат господинот Додик, наведе Кормак.

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека бил информиран дека такво нешто ќе се случи, а и самиот Додик рече дека ги очекувал санкциите. По тој повод, денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција, сооопштија од неговата канцеларија.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија