Светскиот првак и домаќин на ракометното Светско првенство Франција е првата селекција со четири победи на шампионатот. „Триколорите“ синоќа ја совладаа Русија со 35:24 и со тоа го освоија првото место во групата А и во осминафиналето ќе игра против четвртопласираната селекција од Б групата.
Резултати на дуели одиграни вчера:
Норвешка – Бразил 39:26, Полска – Јапонија 26:25, Русија – Франција 24:35 (А група);
Словенија – Тунис 28:28, Исланд – Ангола 19:33 (Б група);
Германија – Саудиска Арабија 38:24 (Ц група);
Катар – Аргентина 21:17 (Д група).
Табела А група: Франција 8 бодови, Норвешка 6, Русија 4, Бразил 4, Полска 2, Јапонија 0.
Табела Б група: Словенија 7, Шпанија 6, Македонија 4, Исланд 3, Тунис 2, Ангола 0.
Табела Ц група: Германија 6, Хрватска 6, Унгарија 2, Белорусија 2, Чиле 2, Саудиска Арабија 0.
Табела Д група: Данска 6, Шведска 4, Египет 4, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.