Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека нема шанси Иран повторно да преговара за нуклеарната спогодба со светските сили, доколку новоибраниот претседател на САД, Доналд Трамп тоа го побара.
– Нуклеарната спогодба е готова, ја одобри Советот за безбедност на Обединетите нации и стана меѓународен документ. Тоа е повеќестран договор и нема смисла за него повторно да се преговара, рече Рохани на прес-конференција.
Трамп за време на предизборната кампања ја критикуваше нуклеарната спогодба меѓу Иран и САД, Кина, Русија, Велика Британија, Франција и Германија, која е потпишана во 2015 година.