ЈП за државни патишта: Сите патишта постојано се чистат

Од:

Не е точно дека Република Македонија е блокирана од снегот, не е точно дека има отсечени градови. Сите државни патишта постојано се чистат од снегот со целата расположлива механизација и на тој начин се одржуваат за сообраќај за сите видови возила, реагира Јавното претпријатие за државни патишта на обвинувањата од СДСМ.

– Се чини дека само СДСМ е слепа на временските услови што ја зафатија цела Европа. Институциите во Република Македонија останаа на висина на својата задача создавајќи услови за одржување на сообраќајот на сите државни патишта. Оваа година средствата за зимско одржување на патиштата е во висина од околу 390 милиони денари, што е значително висока сума во споредба со средствата кога СДСМ беше на власт, се наведува во реакцијата.

Јавното претпријатие за државни патишта нагласува дека институциите ќе продолжат и во наредниот период деноноќно да излегуваат на терен и да ја извршуваат работата со целата своја механизација за да обезбедат непречен и безбеден сообраќај.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска