СДСМ: Ќе се открие, освен Камчев, колку тежи и фамилијата

Од:

„Со денешната информацијата во светскиот бизнис магазин Форбс, дека Орце Камчев, еден од најблиските бизнис партнери на Груевски и Мијалков е најбогатиот човек во Македонија, се потврди каде се парите на граѓаните.

Ако Камчев, кој ги добиваше милионските тендери од власта во заминување, според Форбс тежи 238 милиони евра, колку ли тежат Груевски, Мијалков и фамилијата, кои ги одлеваа украдените пари на свои сметки по рајските земји.

Токму Камчев е еден од соработниците со кого фамилијата го правеше тоа преку заедничките оф шор фирми во Лугано и Панама, за што објавуваше СДСМ, како и новинарите истражувачи.

Само една фирма во која акционер е Камчев има добиено 7 тендери во висина од 55 милиони евра во криминалниот проект Скопје 2014.

Допрва ќе излезат на виделина сите криминали на Никола Груевски и Сашо Мијалков со Орце Камчев и други бизнис партнери, преку коишто криминалното раковоство на ВМРО-ДПМНЕ изнесе надвор од Македонија над 5 милијарди украдени пари од граѓаните на Македонија.

Мнозинството граѓани затоа избраа промени, правда и правна држава.
И одговорност за сите криминали ќе има. Парите ќе ги вратат на осиромашени граѓани.

За тоа е итно потребна нова, одговорна Влада на Македонија чиј приоритет се потребите на граѓаните на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ