Минатата ноќ фрлени 113 тони сол на улиците во Скопје

Од:

Екипите на зимската служба на Град Скопје во текот на изминатата ноќ фрлија 113 тони сол на градските булевари и улици, кои во моментов се расчистени и проодни.

Како што соопшти Град Скопје, интензивно се работи на терен на расчистување на снегот при што ЈП „Комунална хигиена“ со 100 работници го расчистува снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, пак, во моментов работат на расчистување на снегот на повеќе улици и булевари. Во општината Центар се работи на ВМРО, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Илинденска, во општината Карпош на Партизанска, во општината Кисела Вода се расчистува на потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски.

Во општината Аеродром во тек е расчистување на снегот од булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу, во општината Чаир на булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов, во општината Бутел на Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, во општината Гази Баба – булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и на Благоја Стефковски и во општината Ѓорче Петров на истоимената улица.

Расчистување се врши и пред Владата и Собранието на РМ, како и на просторот пред Градската болница.

Во првата смена, во расчистувањето на снегот се ангажирани вкупно 100 работници, додека од механизацијата се користат: шест мотокултиватори, едно специјално возило „хијета“, како и три патарки за расфрлање сол.

Активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.

Градот Скопје препорачува до возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Воедно, апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето