Министерот Кралев во посета на Турција

Од:

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска е во еднодневна работна посета на Анкара, Република Турција на покана на турскиот колега Омер Динчер.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, двајцата министри разговарале за продлабочување на соработката во областа на образованието и науката истакнувајќи ја желбата за зајакнување на пријателството меѓу двете држави и народи преку зголемена соработка во областа на образованието.

Кралев на средбата со министерот за национално образование на Република Турција бил потпишан Протокол за соработка во областа на образованието.

– Со Протоколот ќе се поттикнуваат взаемни средби меѓу експерти, стручни соработници и други делегати, како и размена на информации, искуства и документација во повеќе области, меѓу кои општо, стручно и техничко образование, стажирање/обуки, уметничко образование, информатички и комуникациски технологии во образованието, проверка, евалуација и тестирање и специјализирано образование за надарени ученици и за ученици со пречки во развојот, стои во соопштението.

Министерства на двете земји, според соопштението, ќе ја обезбедат потребната поддршка за промоција на наставата на официјалните јазици на другата страна во нивните земји, вклучувајќи обезбедување на наставниците и наставни материјали. Со Протоколот ќе се стимулира воспоставување на врски на таканаречени „Сестрински училишта“ на ниво на основно и средно образование и ќе се поттикнува учество на учениците од основните и средните училишта во спортски натпревари, народни танци/ора, меѓународни кампови за млади и извидници.

Двајцата министри изразиле интерес за натамошно развивање на врски меѓу институциите надлежни за образование, верувајќи дека двете страни ќе имаат корист од проширувањето на меѓусебната соработка и размена во овие области, потенцирајќи дека ќе ги вложат сите напори за промовирање на поволни услови за соработка и размена на искуства.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on