Репрезентациите на Чиле и на Египет направија изненадувања на првите денешни дуели од ракометниот Мундијал во Франција со победите над своите ривали кои важеа за големи фаворити.
Во рамките на Ц-групата Чиле ја совлада Белорусија со 32:28 по нерешените 14:14 во првото полувреме.
Вечерва во оваа група уште играат:
Германија – Унгарија и
Хрватска – Саудиска Арабија.
На отворањето на натпреварите од Д групата Египет го победи Катар со 22:20.
Од оваа група до крајот на денот ќе се одиграат натпреварите Шведска – Бахреин и
Данска – Аргентина.
На програмата е и еден дуел од 2.коло на кој домаќинот Франција игра со Јапонија.