Зимскиот распуст продолжува до 23 јануари

Од:

Продолжување на распустот за учениците до 23 јануари, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје, но и во другите градови, како и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие се новите мерки кои имаат за цел да го намалат ширењето на грипот во земјава.

– Прифативме мерка да се продолжи зимскиот распуст до 23 јануари, односно второто полугодие наместо на 18 јануари, како што беше предвидено, да почне на 23 јануари. Оваа мерка е повеќе од потребна имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на бројот на заболени од грип од 0 до 14 години во време на распустот, рече министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес-конференција, што ја одржа заедно со членови од Комисијата за заразни болести.

Исто така, додаде тој, донесена е мерка и за темелна секојдневна дезинфекција на автобусите во градскиот сообраќај во Скопје, но и во останатите градови каде има организиран градски сообраќај.

– Последната мерка која ја усвоивме е мерката за темелна дезинфекција на сите училишта пред почетокот на второто полугодие, информира министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on