СДСМ: Македонија е прва во Европа по болни од грип

Од:

„Македонија е меѓу првите две земји во Европа по болни од грип!

Ова не можете да го слушнете од власта во заминување којашто крие.

Но овој официјален податок е објавен на интернет страницата на Светската здравствена организација (https://flunewseurope.org/), што можете да го видите на мапата за грип, што ви ја испраќаме во прилог.

Македонија е една од двете земји обележани со црвена боја, како држава со висок интензитет на грипот.
Недозволиво е институциите да кријат информации од граѓаните, посебно ако се однесуваат на нивното здравје!

Неодговорните власти во заминување од јавноста со денови криеле два смртни случаја на деца од грип! Според нашите информации, на Клиниката за детски болести во критична состојба е уште едно дете.

Граѓаните мора да ја знаат реалната состојба со грипот и вирусите во Македонија за да се заштитат, посебно во услови на големото загадување на воздухот, големиот студ што ја зафати земјава, а недостиг на вистинска превентивна заштита на населението.

Итно се потребни одговорни институции на граѓаните на Република Македонија што ќе се грижат за нивното здравје и нивните реални потреби“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

За 15,3 отсто повеќе заболени од грип во споредба со претходната недела