Се самоуби амбасадорот на Србија во НАТО

Од:

Амбасадорот на Србија во НАТО, Бранислав Милинковиќ трагично почина, наведува Министерството за надворешни работи на Србија.

Според српските медиуми, Милинковиќ, се самоубил синоќа на аеродрмот во Брисел. Мотивите за самоубиството се уште не се познати.

Милинковиќ самоубиството го извршил скокајќи од паркингот, пред очите на помошникот министер за надворшени работи на Србија, Зоран Вујиќ, одговорен за одделот за безбедносна политика.

Пред да биде назначен за амбасадор во НАТО, Милинковиќ бил амбасадор на Србија и Црна Гора во ОБСЕ во Виена, а потоа и специјален пратеник во седиштетот на НАТО, по што во 2009 година беше назначен за амбасадор.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен

Гујон: Мора да се најдат виновниците за падот на настрешницата во Нови Сад

Горан Наумовски

Туркулов: Повредените oд несреќата во Нови Сад се уште се во животна опасност

Горан Наумовски

ВИДЕО: Втората снимка од несреќата во Нови Сад покажува важен детал кој не беше познат досега

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени