Комплименти од Обама за Борисов

Од:

Претседателот на САД Барак Обама го нарече бугарскиот премиер Борисов,  ефективен светски лидер.Тоа се случи на средбата со премиерот на Бугарија  во Белата куќа.

Во изјави претседателот  на САД  и подели низа комплименти на Бугарија .

Ја нарече  земјата,  потпора на безбедноста на Балканот.

„Бугарија е еден од најголемите сојузници на САД“, рече американскиот претседател Барак Обама.

Тој се заблагодари за бугарскиот придонес во меѓународните сили за поддршка на безбедноста во Авганистан.

Борисов пак му честитал на  претседателот Обама за  реизборот. Бугарскиот премиер исто така ја поздрави добрата соработка меѓу двете земји во областа на борбата против организираниот криминал и тероризмот.

Борисов  рекол  дека бугарската економија е стабилна, а државата има низок долг и мал буџетски дефицит.

Како една од главните точки во разговорот , Борисов го поставил прашањето за безвизниот режим на бугарските државјани.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија