Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар, каде за останатите возила задолжително е користење на зимската опрема, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат.
Поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.