Почнува СП во ракомет, Македонија по петти пат учесник на Мундијалите

Од:

Со натпреварот меѓу домаќинот Франција и Бразил вечер во Нант стартува 25. Светско ракометно првенство кое ќе се игра до 29 јануари. Натпреварите ќе се играат во осум градови: Париз, Лил, Монпеље, Албервил, Брест, Нант, Мец и Руен.

Ќе учествуваат вкупно 24 земји поделени по шест во четири групи. По петти пат на Мундијалите ќе настапи и македонската репрезентација.

Македонија е во Б-групата заедно со Шпанија, Исланд, Словенија, Ангола и Тунис. Средбите од оваа група ќе се играат во Мец.

Покрај Франција и Бразил, во А групата се: Полска, Русија, Јапонија и Норвешка.

Ц-групата ја сочинуваат: Хрватска, Германија, Унгарија, Белорусија, Чиле и Саудиска Арабија.

Група Д: Данска, Шведска, Катар, Египет, Аргентина и Бахреин.

Првите четири пласирани од секоја група ќе продолжат во осминафиналната фаза која е елиминациска.

Македонија која на ова СП ќе биде предводена од селекторот Лино Червар стартува утре против Тунис, со Ангола игра на 14 јануари, со Словенија на 16 јануари, против Шпанија на 18 јануари, а групната фаза ја завршува со Исланд на 19 јануари.

Најдобар пласман во досегашните учества на Мундијалите, македонските репрезентативци изборија во Катар 2015 година кога беа деветти.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ