Во Франција започна првиот круг од парламентарните избори. За мнозинство во парламентот се борат Социјалистичка партија на претседателот Франсоа Oланд , со своите сојузници и десничарската Унија за народно движење на сега поразениот, Никола Саркози.
Од вкупно 577 места, социјалистите и нивните сојузници од радикалната левичарска партија се надева дека ќе освојат најмалку 289, за да имаат мнозинство.
Парламентарните избори ќе покажат дали новоизбраниот претседател ќе има сила да наметне данок на богатите и олеснување на строги мерки на штедење.
Според анкетите, социјалистите имаат шански, да победат уште во првиот круг, но сепак поголеми се шансите за второ одмерување на силите една недела подоцна, на 17-ти јуни, истиот ден кога и во Грција ќе се одржат одлучувачките парламентрарни избори.