Сообраќајот на патиштата низ Источна Македонија во зимски услови

Од:

На патиштата во Источна Македонија сообраќајот се одвива во зимски услови, а вработените од ЈП „Македонија“ пат редовно ги чистат магистралните и регионални патни правци.

Техничкиот раковдител на ЈП „Македонија пат“ од Штип Кире Коцев вели дека проблемите можат да се појават доколку повторно се појави силниот ветар на патните павци Велес-Штип кај Сарамзалино и на патниот правец Штип-Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште, каде што возачите возат покрај снежни ѕидови високи и над три метри.

– Машините ни се континуирано на терен и ги чистат патиштата од новите снежни врнежи. Апелираме возачите внимателно да возат и да ја почитуваат собраќајната сигнализација на патиштата, вели Коцев.

Тој додава дека засега нема забрани за движење на тешки товарни возила на патниот правец Кочани-Делчево, каде што е ризично да се патува во делот на клисурите. Штипската регионална подружница за овој снежен бран и за третиот кој се најавува во петок имаат абразивен материјал, а деновиве се очекува да пристигнат и нови количини на сол и песок. Коцев вели дека возилата постојано им се на терен и чистат патиштата, а од синоќа прооден е и регионалниот пат до штипските села Драгоево и Селце.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози