Во Кичево девет лица се здобиле со скршеници

Од:

Во текот на вчерашниот ден девет лица се здобиле со скршеници по пад на мраз, а седум биле со згмечувања и дисторзии, информираат од Одделението за ортопедија во Општата болница во Кичево.

На лицата со скршеници, лекарите им ставиле гипс и ги пуштиле на болничко лекување.

– Меѓу пациентите се лица од сите возрасти, има млади и повозрасни. Со таа разлика што младите најчесто кршат раце и зглобови, а кај повозрасните страдаат колковите. Имавме и скршеници на нозе и набиеници, соопштија од Одделението за ортопедија во Општата болница во Кичево.

Лекарите ги советуваат граѓаните доколку немаат потреба да не излегуваат од дома, особено повозрасните лица. Доколку мора да излезат, внимателно да се движат по лизгавиот терен, а рацете да не ги држаат во џебот.

Кичевските ортопеди апелираат до граѓаните доколку некој се повреди на мразот да не оди кај надри лекари, туку веднаш да побараат помош во ортопедското одделение.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух