НДМ: Албанија и Косово со сеалбанската платформа ни објавија војна, Македонија да се обрати до Обединетите нации

Од:

Народно движење за Македонија изразува длабока загриженост и истовремено силно ја осудува вклученоста на Албанија и Косово во донесувањето на т.н. сеалбанска платформа која повикува на редефинирање на уставниот поредок на Македонија.

Ова особено добива на сериозност ако се знае дека според правилата на општото меѓународно задолжително право, ваквиот атак на Албанија и Косово спрема македонскиот суверенитет и интегритет се смета за објава на војна и загрозување на меѓународниот мир и безбедност.

Оттука, НДМ смета дека е созреан условот Владата на Република Македонија во согласност со своето меѓународно правно-признато право да му обрне внимание на Советот за безбедност на Обединетите нации за овие загрозувачки активности на Албанија и Косово по мирот и безбедноста како орган чија примарна надлежност според Повелбата на ОН е меѓународниот мир и безбедност.

Истовремено, НДМ ги повикува Груевски и Заев како најодговорни во моментот за опстанокот на земјата да се вразумат и веднаш да усвојат национален документ за виталните национални и државни интереси во кои никој нема да чепка без оглед кој победува на избори и составува влада.

Во овој контекст, како појдовна основа да послужи Меморандумот за Македонија кој на 4 јануари претседателот на НДМ Јанко Бачев им го достави лично на Груевски и Заев, а со кој се обезбедува опстанокот на земјата.

Всушност, токму недозволивото превирање меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за прашањата од највисок национален интерес ја постави сцената за ваквото однесување на Албанците во регионот.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска