Уапсени двајца скопјани осудени на затворски казни

Од:

Припадници на Одделение за потраги и интервенции при МВР ги лоцирало и ги лишило од слобода Горан М. викан „Петел“ (31) и Назим Г. (27), двајцата од Скопје, барани по судски наредби за издржување затворски казни.

Како што соопшти денеска МВР, Горан М. се барал за издржување казна затвор во траење од три години, а по наредба од Основен суд Скопје 1 – Скопје за сторено кривично дело „измама“, како и во врска со истрага од истиот суд поради основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко здружување“ и „изработка и употреба на лажни платежни картички“ .

Тој во петокот утрото бил лоциран на булеварот АСНОМ, при што бил приведен и спроведен во КПУ затвор Скопје – притворско одделение.

Назим Г. вчера вил лоциран на улицата „Боро Менков“ и приведен во Полициската станица во Чаир по што е спроведен во КПУ затвор Скопје. Назим Г. се барал за издржување казна затвор во траење од три години по наредба од Основен суд Скопје 1 од Скопје за сторено кривично дело „убиство“.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски