Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е прв финалист на турнирот во Доха откако го совлада Шпанецот Фернандо Вердаско со 2:1 во сетови (4:6, 7:6, 6:3).
Во вториот сет во тајбрејкот Србинот спаси 5 меч топки од кои 4 беа врзани една по друга за шпанецот.
Во финалето на турнирот Новак Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од втората полуфинална средба меѓу Енди Мареј и Томаш Бердих.