Меркел: Кризата во еврозоната се уште не е завршена

Од:

Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди дека кризата во еврозоната се уште не завршила.

Таа нагласи дека претстојат уште проблеми и покрај постигнатиот напредок преку програмите за спас на финансиско загрозените земји, како и примена на економски мерки и реформи.

– Ако сакам да си ги олеснам работите би кажала дека најлошото помина. Јас потенцирам дека треба да бидеме внимателни, истакна Меркел пред илјада поддржувачи на нејзината Демохристијанска партија (ЦДУ), кои учествуваат на дводневниот конгрес во Хановер.

Меркел денеска се обрати на конгресот на ЦДУ, десет месеци пред планираните парламентарни избори. Се очекува, подоцна Меркел да биде реизбрана за лидер на ЦДУ

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите