Вестбрук 49 поени, Оклахома загуби од Хјустон

Од:

Хјустон ја победи Оклахома во најпривлечниот меч кој изминатата ноќ се одигра во НБА лигата, иако Расел Вестбрук го доби дуелот со опонентот Џејмс Харден.

Хјустон славеше над Оклахома 118:116, во дуел во кој еден против друг се најдоа кандидатите за освојување на МВП наградата, Харден и Вестбрук.

Харден постигна 26 поени, а Вестбрук речиси двојно повеќе (49), на кои придодаде осум скока и пет асистенции.

Изминатата ноќ донесе неколку извонредни индивидуални партии: Кајл Лаури постигна 33 поени во Триумфот на Торонто над Јута 101:93, Си-Џеј Меколум реализира 27 поени во победата на Портланд над Ла Лејкерс 118:109, додека Ерик Бледсо со 26 поени го предводеше Феникс во триумфот над Далас 102:95.

Атланта славеше над Њу Орлеанс 99:94, а Германецот Денис Шредер уфрли 23 поени. Индијана со тимска игра го победи Бруклин 121:109. Тројца кошаркари на Индијана постигнаа 20 и повеќе поени (Пол Џорџ 26, Мајлс Тарнер 23, Џеф Тиг 21).

Сан Антонио го декласира Денвер со 127:99. Ламркус Олдриџ со 28 и Кавај Ленард со 24 поени беа најефикасни кај победникот, додека кај Денвер повоторно се истакна српскиот центар Никола Јокиќ со 19 поени, 11 скокови и 5 асистенции.

Детроит во драматичен финиш славеше над Шарлот со 115:114. Во триумфот блескаше српскиот џин, Бобан Марјановиќ кој за 22 минути оствари 15 поени и 19 скокови, што е негов сезонски рекорд во овие две статистички категории.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on