АЕК организира натпревар: „Која е твојата апликација“

Од:

Под мотото „Која е твојата апликација“ Агенцијата за електронски комуникации организира натпревар во изработка на апликации за мобилен телефон.

Пријавувањето на учесниците започнува од утре и ќе трае до 25 јануари следната година, на електронската пошта [email protected]. Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, а апликациите мора да се компатибилни со оперативните системи: Android 2.3+, iOS 4+, Windows phone 7+

„Која е твојата апликација“ е натпревар за изработка на апликации за трите најпопуларни оперативни системи за мобилни телефони: Android, iOS и Windows mobile. Целта е младите и амбициозни програмери да ја покажат својата креативност и талент, а со тоа и да го надградат своето знаење, како и да се поттикне развојот на новите технологии на пазарот и користењето широко појасен интернет.

– Како и претходната така и оваа година очекувам креативни и применливи апликации. Ако претходната година натпреварот имаше експериментален карактер од оваа година па натаму дефинитивно ќе премине во традиција со оглед на тоа што на претходниот натпревар со свои апликации се пријавија преку 150 програмери. Затоа и оваа година ги охрабрувам програмерите да земат учество, а за најдобрите апликации ќе следат вредни награди, изјави директорот на АЕК Роберт Орданоски.

Критериуми врз основа на кои ќе се оценуваат испратените апликации се креативност, уникатност, визуелен впечаток и графички дизајн на апликацијата, перформанси и компатибилност на апликацијата, имплементираниот со социјалните мрежи (Facebook, Youtube, Twitter…) и искористување на можностите и потенцијалот на оперативните системи (Android, iOS, Windows phone). Апликациите не мора да бидат нови и необјавени.

Би можело да ве интересира

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска

Ако машините завладеат со светот, на маицата напишете „Робот“

Ана Ололовска