СДСМ: Победи концепотот на заедништво во Македонија, крај за Груевски

Од:

Огромно мнозинство, над 612.000 граѓани на Македонија го поддржа концептот на заедништво, наспроти концептот на поделби на досегашната власт.

Граѓаните, независно од различностите по која било основа, знаат дека имаат исти проблеми, осиромашени се од 10-годишната криминална власт. Затоа избраа промени.
Граѓаните одлучија – доста е од политичари како Никола Груевски кој им ги уништи животите, ги делеше, поттикнуваше омраза, нетрпелливост меѓу луѓето, меѓуетнички провокации и сега сака да ја изолира Македонија од светот, за да се обиде да се спаси од одговорност.

Тоа што Груевски и последните денови во политиката ги употреби во настојувања да ја скара Македонија со светот, преку реториката на конфликт со преставниците на меѓународната заедница и државите пријатели на Македонија, е најниското, најдрското и најштетното што некој политичар и го направил на државата.

Груевски за свои интереси нема да успее да ги загрози иднината и перспективите на Република Македонија. 

Груевски не може да им наштети на граѓанските организации.

Граѓаните Македонци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми, Бошњаци посплотени и поединствени од секогаш на изборите порачаа дека не дозволуваат повеќе никој да ги навредува, да ги дели, да ги лаже и да управува со нивните животи. 

Граѓаните избраа живот во единствена Република Македонија и тоа реалноста.
Никола Груевски е минато. 

Затоа, интервју во 100 продолженија да направи Груевски, да го помножи со 100 лицемерието кон граѓаните што ги потцени, ништо не менува тоа за него.

Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Македонија.

Одговорни институции ќе се грижат за потребите на граѓаните, за нивната слобода, ќе обезбедат правда и правичност, и живот.

Незапирливи се започнатите демократски процеси во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници