СДСМ: Граѓаните одлучија, промени и нова Влада, Груевски е минато!

Од:

Граѓаните во огромно мнозинство избраа промени и живот. Демократските процеси во Македонија никој повеќе не може да ги запре.

Никола Груевски е откриен од домашната и од меѓународната јавност во неговите обиди, преку реториката на конфликт и омраза, да ја изолира Македонија и на тој начин да ја спаси криминална власт.

Граѓаните масовно порачаа дека им е доста од политичари како Груевски кои им нанесуваат штета на нив и на Република Македонија, со криминалните политики, со нападите врз претставници на меѓународната заедница во земјава, врз граѓанскиот сектор и целата демократска јавност.

Груевски е минато. Попусти се неговите дообјаснувања преку прес конференции полни со лаги.

Следува нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија којашто ќе се грижи за граѓаните и државата.

Секој кој правел зло ќе одговара.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски