Шилегов: По налог на УБК се проверува работата на 22 невладини и на 42 лица, критичари на власта

Од:

 
Порачуваме на државните институции да не помислат да подлегнат на притисоците што се обидува да им ги прави исплашениот Никола Груевски во последните денови на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски и криминалната власт се веќе минато. Мнозинството граѓани на Македонија избраа промени. Доаѓа нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија, рече Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Ќе има одговорност за сите кои работеле против интересите на граѓаните или биле соучесници на режимот во противзаконски, непрофесионални активности.

Оттука укажуваме посебно на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата и на вработените во Управата за финанскиско разузнавање дека не смеат да бидат инструмент на Груевски и соработниците кои за лични интереси сакаат да се пресметуваат со демократската јавност.

Според информациите што ги имаме, по иницијатива на сегашниот директор на УБК, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање, Владимир Атанасовски, Антикорупциската комисија побарала проверки за 22 невладини организации.

Управата за финансиско разузнавање според информациите отворила проверки за 22 невладини организации. Отворени се проверки и за 42 физички лица, отворени критичари на владеењето на Груевски и опозиционери.
 
Времето на политичари како Никола Груевски заврши. А во Македонија мора да има и ќе има одговорни институции кои се должни по закон и Устав да работат исклучуви во служба на граѓаните.
 
Демократските процеси се почнати. Доаѓа слобода и живот за граѓаните. Никој тоа не може повеќе да го спречи.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски