Сите 120 новоизбрани пратеници имаат обврска до крајот на јануари, на увид на јавноста да стават колкав е имотот кој го поседуваат, колку хартии од вредност и побарувања имаат, колкав е нивниот имот и имотот на семејството во заштеди, уметнички дека, возила, куќи, станови и земјиште поседуваат.
Сите овие податоци во форма на анкетни листови треба да достават до Државната комисија за спречување на корупцијата.
Пратениците на кои им заврши мандатот исто така треба да покажат колку нивната имотна состојба се сменила откако стапиле на функцијата. Анкетен лист со овие податоци имаат обврска да достават во рок од 30 дена по престанокот на мандатот.