СДСМ: Доаѓа живот! 100 пати поголема државна помош за домашните фирми!

Од:

За 100 пати од сега ќе ја зголемиме државната помош за домашните мали и средни претпријатија.

Ќе им овозможиме на домашните претпријатија да се развиваат, затоа што тие така ќе отвораат пристојни работни места и ќе исплаќаат повисоки плати на вработените.
Досега секоја фирма добиваше само по 2 евра државна помош годишно, бидејки за малите и средни претпријатија државата одвојуваше само 200.000 евра.

Ние уште во првата година од мандатот ќе ја зголемиме државната помош за домашните фирми на 20 милиони евра. Вкупната државна помош што ја планираме за домашните фирми за целиот мандат изнесува 140 милиони евра.

Нашата цел е да ги мотивираме фирмите да вработуваат и да даваат повисоки плати.
Затоа ќе ги поддржиме фирмите со по 108.000 денари за вработување невработено лице до 50 години, со услов да добива бруто просечна плата. По 162.000 денари ќе добиваат фирмите за вработување лице од ранливите граѓани, ако добива бруто просечна плата. По 72.000 денари ако вработат лице од администрацијата и му исплаќаат бруто просечна плата.

Ова се само дел од мерките за домашните фирми во Планот за живот што го поддржавте.

Нашиот економскиот концепт се темели на силни домашни претпријатија што ќе обезбедат нови реални работни места и пристојни плати за граѓаните и наша задача и обврска е тоа да го обезбедиме.

За сето ова е потребна нова одговорна Влада на граѓаните на Република Македонија.
Доаѓа живот! Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници