Гласфорт: Инвеститорите се охрабрени да дојдат во Македонија

Од:

Бил Гласфорт, банкар од Сиетл и претседател на Алијансата за трговски развој што го организира форумот, истакна дека со информациите што ги слушнале ги охрабруваат инвеститорите да инвестираат во Македонија.

– Програмата беше многу јасна, концизна и ги погоди вистинските точки за подобро разбирање на политиките во Македонија што ги охрабруваат инвеститорите да инвестираат во Република Македонија. Би сакал мојата земја да биде појасна на ова поле и моите забелешки се однесуваа на тоа како ние би можеле да промовираме инвестиции, рече Гласфорт.

За премиерот Груевски, значајни активности од посетата во САД се разговорите со менаџментот на клинички болници каде Владата сака да испрати  македонски лекари на дополнителни обуки за методи за разни интервенции и лекувања што не се применуваат во Македонија.

 –  Се уште нашите лекари немале шанси некој да им изврши тренинг за таква обука и можам да кажам дека во сите градови како во Детроит во Медицинскиот центар „Хенри Форд“ така и во Хјустон во „Хјустон Медикал центар“, во „Роналд Реган“ Медикал центар во Лос Анџелес и тука во Сиетл наидовме на добар прием и на ветување од нивна страна дека со задоволство ќе прифатат наши лекари да дојдат на обука тука во Америка во нивните медицински центри. Останува понатаму министерот за здравство и Амбасадата да ги договорат деталите. Се надеваме дека  во февруари, најдоцна во април, ќе се потпишат меморандуми за соработка, рече Груевски.

Реализацијата на тие планови, оценува, ќе значи многу за Македонија и ќе биде издигнување на македонското здравство. Такви обуки, како што рече, се договорени и со други клинички центри низ Европа и во Канада, што е одлична работа за напредок на македонското здравство.

Особено корисни премиерот ги оцени и средбите со македонската дијаспора во Лос Анџелес, од каде се интересирале за можностите за побрзо доаѓање до македонски пасоши, а некои од помладите и до македонско државјанство.

– Се интересираа и за она што се случува во Република Македонија на економски, на политички план, така што беше добра порака да им ги објасниме нашите политики, но и да ги чуеме нивните размислувања во врска со нашите политики и можностите тие да помогнат на кој било начин. Тие и онака помагаат преку помагање на нивните блиски семејства и роднини во Македонија, но на кој било начин преку разни лобирања, преку разни познавања што ги имаат во САД да помогнат. Ние како владина гарнитура, барем оваа владина гарнитура сега сме доста посветени на македонската дијаспора и на зајакнување на врските со неа и така ќе останеме и понатаму. Тие тоа го почитуваат. Се чувствува разлика од минатото и од сега во нивното позитивно делување кон Република Македонија, изјави премиерот Никола Груевски по посетата на САД.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ