Индија успешно тестираше балистичка ракета со дострел од 4.000 километри

Од:

Индија денеска спроведе успешно тестирање на балистичка ракета „Агни-4“ што е способна да пренесе нуклеарна боева глава од еден тон на далечина од 4.000 километри, соопшти Индиската организација за истражување и развој во областа на одбраната.

Ракетата „Агни-4“, што е со среден дострел, долга е 20 метри и тешка околу 17 тони.

Балистичките ракети од серијата „Агни“, именувани по индискиот бог на огнот, се создадени во рамките на комплексната програма за развој на проектили од страна на индиското Министерство за одбрана.

Земјата располага со четири видови на овие ракети: „Агни-1“(700 километри дострел), „Агни-2“(2.000 километри дострел), „Агни-3“ и „Агни-4“(од 2.500 до 4.000 километри дострел.

На 26 декември, на истиот полигон беше успешно тестирана интерконтинентална балистичка ракета „Агни-5“ со дострел од 5.500 километри, што може да пренесува нуклеарна боева глава со тежина од над еден тон

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати