СДСМ: Доаѓа живот! Почнуваме да го создававаме животот што го избравме!

Од:

„Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме.

Македонија ќе биде држава на финансиски стабилни семејства, на насмеани деца и на среќни граѓани.

Ќе ги покачиме платите. Ќе ги поддржиме домашните претпријатија за да отворат нови работни места и да можат да даваат повисоки плати на вработените. Сите пари ќе ги насочиме кон граѓаните, индивидуално, преку враќање на 15 проценти од платениот ДДВ во потрошувачките сметки на секој граѓанин. И општо, кон здравството – за бесплатно боолничко лекување на сите, кон образованието – за квалитетно образование со помалку часови, а поголем успех, кон социјалата – за никој да не е гладен и без дом. Ќе подигнеме институции за граѓаните. Македонија ќе ја поставиме на здрави основи, ќе биде држава на слободни и еднакви граѓани, праведно и правично општетство.

Република Македонија ќе ја водат мудри и ведри луѓе, кои сакаат и знаат како да се издигнат над своите интереси.

Ваков живот избравме.
Ова е нашата задача и ќе го направиме заедно со вас граѓаните.

Се отвораме за сите. И за вас со кои марширавме по улиците, и за вас со кои одлучувавме за добрата иднина на Македонија, и за вас кои бевте под притисоци.

За сите доаѓа живот.
Секој беше важен. Секој е важен. И секој ќе биде важен.
Продолжуваме заедно. Ќе го создадеме животот што го избравме“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Росица му испраќала пораки за помош на Тошковски, а тој ја игнорирал?

СДСМ: Владата нема пари да ги покачи платите, а се луксузира на грбот на народот

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено