Црногорските инспектори за криумчарење со наркотици во текот на оваа година, до 1 декември заплениле повеќе од два и пол тони дрога, во вредност од над осум милиони евра.
Раководителот на Одделот за борба против дрога и криумчарење Дејан Кнежевиќ истакна дека станува збор за рекордна заплена на дрога на годишно ниво, но појасни оти балканскиот „хероински коридор“ и шверцерскиот ланец и понатаму се активни, додека „рутата за кокаин“ не поминува во Црна Гора.
Кнежевиќ нагласи дека Одделот до 1 септември на територијата на Црна Гора запленил два тони и 722 килограми дрога.
– Во истиот период се поднесени 139 кривични пријави, нагласи Кнежевиќ.