Обама за Борисов: Не го нервирајте, има црн појас

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера во Вашингтон оствари средба со американскиот претседател Барак Обама, на која дискутирале за воената мисија во Авганистан, енергетските снабдувачки текови, истрагата за терористичкиот напад во Бургас, балканските состојби, но и за полесни теми.

– Имав можност и во минатото да работам и да дискутирам за разни прашања со премиерот Борисов. Тој е ефикасен лидер во надворешната политика. Има и црн појас во карате и треба да бидете внимателни да не го изнервирате, изјави Обама пред средбата со Борисов.

Обама и Борисов во заедничката изјава ја претставија Бугарија како држава која е извор на економска стабилност во Европската Унија. Борисов побара и вклучување на Бугарија во рамки на програмата за безвизно патување во САД.

По средбата, на прес-конференција на која не беше дозволено присуство за дописникот на Македонската информативна агенција (МИА), Борисов изјавил дека претседателот Обама немал ниту една критика за Бугарија, вклучително ниту за судскиот систем, и притоа го обвинил поранешниот претседател Георги Прванов дека судството го водел преку своите советници.

Борисов изјавил дека е импресиониран како Обама е запознат со сите археолошки наоѓалишта во Бугарија. Борисов на Обама му подарил копии на артефакти од некои од бугарските наоѓалишта.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија