Шпанската полиција пронашла синоќа видеоснимка на вооружен џихадист пред фотографијата од плоштадот „Пуерте дел Сол“ во Мадрид, каде илјадници лица се подготвуваат за дочек на Нова година со зајакнати мерки за безбедност.
Видеото е пронајдено откако во средата беа уапсени двајца Шпанци, на кои во петокот судот, специјализиран за тероризам им одреди мерка притвор.
Мажите се снимале со оружје АК-47, ножеви со ознака на ИД и знаме на џихадистичката група, а при тоа пееле исламски песни.
– На некои од видеоснимките се гледаат мажи со маски и оружје пред плоштадот „Пуерте дел Сол“ на кој Шпанците секоја година ја поминуваат новогодишната ноќ, наведе извор од судот.