Наградената пијанистка Инес Неделковска примена од министерката Канческа-Милевска

Од:

По успешните настапи и награди во Њујорк, тринаесетгодишната пијанистка Инес Неделковска денеска беше примена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Неделковска доби прва награда во нејзината категорија на светскиот натпревар за млади таленти „American Protege“ во Њујорк и по тој повод на 18 декември настапи во престижната концертна сала „Карнеги хол“. По настапот Инес беше прогласена и за најдобар учесник на натпреварот и и беше доделена Гран-при награда од жирито.

Како што соопшти Министерството за култура, Канческа-Милевска и ја честитала првата награда нагласувајќи дека таа е потврда за големиот талент, трудољубивост и високиот професионализам на врвната пијанистичка школа на нејзината професорка Нина Костова.

– Таа додаде дека Министерството за култура ја препозна уметничката вредност што од година во година ја гради Инес Неделковска, која за неа лично многу ќе значи, а особено за државата и и посака уште многу успеси во наредниот период, соопшти Министерството за култура кое го поддржа настапот на Инес во „Карнеги хол“.

Инес Неделковска е родена во Скопје во 2003 година и е ученичка во осмо одделение во ОУ „Лазо Ангеловски“, како и во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје. Почнала да учи пијано на шест години во класата на доц. м-р Нина Костова, која е студент на познатите професори од Русија, Људмила и Борис Романов.

Неделковска има богата концертна дејност и е добитничка на повеќе државни и меѓународни награди. Имала неколку настапи со Македонската филхармонија, и постојано ги посетува мастер-клас часовите на проф. Људмила Романова. Оваа година, покрај во Македонија, Неделковска имала успешни концертни настапи и во Загреб, Крагуевац и Белград.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат