„Народно движење за Македонија смета дека последното годишно обраќање на претседателот Иванов е најдобра потврда дека со неговото заминување треба да замине во историјата и функцијата претседател на Република Македонија.
Претседателот Иванов како церемонијален лидер и шеф на државата е оној кој треба да ја симблизира нацијата и со својот авторитет да обединува, особено во време на длабока политичка криза.
Меѓутоа, последното обраќање на Иванов од затворениот кабинет на Водно наместо од собраниската сала, покажа дека пратениците како народни избраници воопшто не го есапат Иванов за претседател, бидејќи, пратениците ниту размислија а камоли да иницираат како прва точка по денешното конституирање на Собранието да дозволат обраќање на шефот на државата, иако за ова не постои уставна пречка.
Настрана фактот што Иванов покажа дека е слаба личност без никакво влијание која не се наметна како авторитет, и оттука, истиот претставува само непотребен товар врз грбот на даночните обврзници, а се покажа и како најслаб претседател во и онака слабата претседателска конкуренција во самостојна Македонија.
Дури, јавноста е сведок на сомнителната способноста на Иванов да ја води државата, заради што НДМ поднесе Иницијатива до Уставниот суд за испитување на постоење на околности кои доведуваат до спреченост на Иванов да ја врши функцијата, меѓутоа, Уставниот суд до денешен ден одбра да молчи за Иницијативата.
Како и да е, време е да се редефинира уставниот систем со укинувањето на непотребната функција претседател на Република Македонија“, се вели во соопштението на НДМ.