Генерацијата кошаркари на Вардар родени 2003 година и помлади го освоија првото место на меѓународниот турнир што од 27 до 29 декември се играше во Белград во организација на клубот ИБЦ. Вардар до трофејот стигна со три победи од три натпревари.
Во финалето во неизвесен дуел беше совладан домаќинот ИБЦ со 71:70. Играчот на Вардар Дамјан Гацов со 28 поени беше најефикасен на финалниот дуел, а воедно Гацов ја освои и наградата МВП (најкорисен играч) на турнирот.
На првите два натпревара Вардар забележа сигурни победи над Ангели (од населбата Драчево) со 64:47 и над Орион од Будва (Црна Гора) со 96:61.
На овој турнир Вардар настапи и со уште две екипи во повозрасните категории, а сите кошаркари од Скопје (екипите Вардар и Ангели) синоќа го следеа и натпреварот од Евролигата меѓу Црвена Звезда и ЦСКА Москва.