Наградени најубаво украсените објекти во Скопје

Од:

Ресторанот „Рагуза“ е прогласен за најубаво украсен угостителски објект, а СУГС „Никола Карев“ има најубаво украсен двор од средните училишта. Денчо Јосимов има најубаво украсен двор од индивидуална станбена куќа, а Богоја Китанчев има најубаво украсена тераса. Тие беа избрани во рамки на манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје 2016“.

Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој денеска им ги врачи признанијата на годинашните добитници, истакна дека преку оваа манифестација сакаат да ги поттикнат училиштата и граѓаните подобро да ги украсат објектите.

На најдобрите во натпреварот со украсување Трајановски им врачи парични награди во вредност од 10.000 денари, а на традиционалните спонзори на манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“ ЕВН-Македонија благодарница за соработката.

ЕВН-Македонија на добитниците на наградите ќе им ја платат декемвриската сметка за потрошена електрична енергија.

СУГС Никола Карев

Директорката на СУГС „Никола Карев“ Елизабета Марковска Ставревска истакна дека редовно учествуваат на оваа манифестација и оти првпат ја добиваат наградата.

Таа нагласи дека училишниот двор го украсува поголема група на ученици, можеби 20-тина, заедно со професорите.

– Да се украси еден училишен двор треба доста време, труд, но пред се желба за нашето училиште да изгледа убаво и новогодишно украсено, рече Марковска Ставревска.

Рагуза најдобро украсен објект во 2016

Сопственикот на „Рагуза“ Мирко Голомеиќ рече дека првпат учествуваат на манифестацијата и се задоволни од освоената награда.

За прогласувањето на победниците решаваше комисија составена од новинари од повеќе медиуми.

Куќа

Би можело да ве интересира

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот