Најмалку двајца загинати во железничка несреќа во Индија

Од:

Најмалку две лица загинаа, а 43 други се повредени денеска во Индија, кога експресен воз излетал од шините, при што се превртиле десетина вагони.

Несреќата се случила рано изутринава во близината на градот Канпур, во северниот дел од сојузната индиска држава Утар Прадеш.

Индиската полиција соопшти дека засега не се знае што ја предизвикало несреќата, додавајќи дека возот излетал од шините додека минувал преку мост на еден пресушен канал.

Претставник на железницата изјави дека во моментот на несреќата во реонт на Канпур имало магла.

Минатиот месец во околината на овој индиски град се случи железничка несреќа во која загинаа 140 лица.

Индиските медиуми забележуваат дека несреќите во железничкиот сообраќај се чести во Индија и тоа најчесто се објаснува со застарената и истрошена опрема и амортизираната инфраструктура.

Индиската влада неодамна соопшти дека планира да инвестира 137 милијарди долари во наредните пет години за модернизација и проширување на железничкиот сообраќај во земјата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати