Обама и Абе испратија порака за мир од Перл Харбор

Од:

Американскиот претседател Барак Обама и јапонскиот премиер Шинѕо Абе синоќа во Перл Харбор положија венци пред споменикот на жртвите од јапонскиот напад во Втората светска војна, при што упатија пораки за мир и пријателство.

– Овој историски гест зборува за моќта на помирувањето. Потсетува дека дури и најдлабоките воени рани можат да им отстапат место на пријателството и трајниот мир, истакна Обама.

Тој порача дека „не треба да се сатанизираат оние кои се поинакви“ и го поздрави сојузништвото меѓу двете земји, додавајќи дека тоа никогаш не било посилно.

Обама му се обрати на јапонскиот премиер дека „карактерот на земјите се става на проба во војна, но се дефинира во мир“.

Барак Обама и Шинѕо Абе

Абе изрази искрено сочувство за американските војници кои загинале во нападот на неговата земја врз Перл Харбор. Тој не се извини за нападот, но им оддаде почит на „храбрите мажи и жени“ кои тогаш биле убиени.

– Никогаш повеќе не смееме да ги повториме воените ужаси, изјави Абе, нагласувајќи дека е важно да се покаже почитување дури и кон поранешниот непријател.

Споменикот на Хаваи е изграден во 1962 година во облик на американскиот воен брод „УСС Аризона“, на кој за време на ненадејниот јапонски напад загинаа 1.177 маринци.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот