Живко Митревски: Продолжуваат лагите на самонаречениот в.д. претседател Димовски

Од:

Самонаречениот В.Д. претседател на ССМ, Димовски соочен со кривичните пријави за повеќе кривични дела за кои е предвидена казна и до 10 години затвор заедно со својата политичка опозициона дружба продолжува да ја лаже јавноста и членството во ССМ, реагира Живко Митревски.

Соочен со лицето на правдата од 26.12.2016 заедно со останатите синдикални пензионери се соочија и со осудата на останатите 13 грански синдикати, кои на 13-тата седница на Претседателството на ССМ ги суспендираа од членство во ССМ, поради фалсификувањето на волјата на членството кое легитимно го избра постоечкото членство, Митревски и раководството на ССМ.

Со ова дефинитивно е ставен крај на обидите на групата фалсификатори да ја спроведуваат волјата на политички структури кои се обидуваат да внесат политика и бизнис интереси во ССМ. 13-те грански синдикати и претседателот Митревски со досегашните активности јасно ја покажаа определбата да се борат и изборат за работничките права и интереси, да се борат за исплата на плати,К-15, за уплата на додатоци и надоместоци на плата, наспроти бизнис и пензионерската синдикална група, која ја води самонаречениот в.д. претседател кој се повеќе и повеќе станува трагикомична фигура.

Синдикалното членство со донесувањето на Одлуката за суспендирање јасно усте еднаш ја повтори определбата дека нема да дозволи и понатаму да егзистираат во ССМ претседатели на Синдикати кои имаат повеќе од над 64 год., кои ги интересира само личното опстојување до 70 годишно претседателствување во гранките, кои воопшто и не знаат на кој начин се уште се претседатели и опстојуваат без да имаат никакви синдикални активности, немаат потпишани грански колективни договори и не дале отчет за својата не работа повеќе од над 20 год. ССМ и претседателот Митревски остануваат на браникот на одбрана на автентичните работнички интереси.

Со почит,

Претседател на ССМ, д-р Живко Митревски

Би можело да ве интересира

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС

ССМ: Укината е срамната ревизија донесена од тројцата судии

Горан Наумовски

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Горан Наумовски

ССМ: Борбата за раст на платите не е политичка