Студентите и возрасната група на граѓани (лица над 62 години за жени и 64 години за мажи) до 31 декември треба задолжително да ја продолжат важноста на билетите за 2017 година.
Како соопшти Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, на тој начин ќе го искористат правото на бесплатен јавен превоз во Град Скопје за 2017 година.
Од 1 јануари 2017 година со интегрираниот тарифен систем, електронските картички ќе можат да се користат и во возилата на приватните превозници.