А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крушево ќе развива авантуристички туризам

by А1он27/12/2016 - 11:49150
Share0

Подобрување на туристичката понуда во Крушево преку соработката на приватниот и јавниот сектор за развој градот како туристичка дестинација за авантуристи и параглајдеристи.

Добивај вести на вибер

За таа цел општина Крушево, швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и параглајдинг клубот Хели потпишаа меморандум, со кој се предвидува сите три страни да соработуваат во рамки на веќе формирана работна група за управување со дестинации, но и на осмислување и спроведување заеднички активности кои ќе придонесат за подобрување на туристичката понуда на Крушево.

Според крушевскиот градоначалник Ѓорги Дамчески, Крушево е една од водечките 10 дестинации за параглајдерство во светот.

– Крушево како туристичка дестинација мора да се развива и да понуди содржини и услуги кои ќе соодветствуваат со потенцијалот кој го поседуваме за развој на овој тип туризам. Нашите анализи покажуваат дека за време на одржувањето на куповите и турите за параглајдерство, градот Крушево заживува, а локалната економија значително се подобрува, изјави Дамчески.

Како што се наведува во соопштението на ИМЕ, проектот предвидува примена на иновативниот модел за управување со дестинации развиен од Универзитетот Сент Гален од Швајцарија, со кој ќе се мапираат стратешките текови на посетители во дестинацијата, ќе се направи проценка на недостатоците во понудата и ќе се работи на прилагодување на туристичкиот производ за потребите на туристите.

Игор Тодевски од Хели клубот смета дека соработката со општината е одличен прв чекор во заедничките напори за јакнење на туристичкиот сектор во Крушево.

– Координацијата со локалната администрација е навистина важна во авантуристичкиот туризам. Мора заеднички да работиме со општината на обезбедување услови за развој на уникатен туристички производ од Крушево. Кога на таа соработка ќе се додаде и врвна швајцарска експертиза за туристички развој на дестинацијата, верувам дека Крушево може да достигне туристички стандарди кои ќе ги задоволат барањата на меѓународните туристи и параглајдинг ентузијасти, рече Игор Тодевски.

Прв чекор во јакнење на соработката помеѓу приватниот и јавниот сектор во Крушево е отворање на Инфо пункт за параглајдерство, кој што ќе биде раководен од Хели клубот за параглајдерство од Крушево, на простор отстапен од страна на општината.

krusevo

Би можело да ве интересира

Намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Горан Наумовски11/01/2025 - 13:28

Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Горан Наумовски02/01/2025 - 09:14

(ВИДЕО) Параглајдеристот кој имаше несреќа во Крушево заминува дома

Горан Наумовски13/09/2024 - 13:57

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Горан Наумовски01/09/2024 - 19:13

Крушево: Отворена манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

Горан Наумовски02/08/2024 - 09:14

За Илинден до Крушево да се користат патните правци преку Битола и Кичево

Горан Наумовски02/08/2024 - 07:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен