ЛДП: Дали Груевски барем за Свети Никола ќе се врати во Македонија?

Од:

„Има ли Македонија премиер?“, прашува ЛДП.

„Во државата врие, а Никола Груевски е во бегство. Премиерската фотеља му ја отстапи на коалицискиот партнер. Али Ахмети пак, со задоволство ја искористи ситуацијата и со колегите премиери на Албанија и Косово, Бериша и Тачи, ја промовираа, среде Скопје, идејата за Голема Албанија“, реагира ЛДП на 10 дневното отсуство на премиерот Груевски од државата.

„Со ова, Никола Груевски и дефинитивно покажа дека не може да го брани македонското достоинство, како што се пофали по инцидентот во Слупчане.При посетата на САД, очигледно организирана набрзина за да исчезне од државата , Груевски бесцелно талкаше по американските болници, винарии , супер маркети и маркетинг агенции“, стои во соопштението на ЛДП.

Да биде иронијата поголема, велат, македонскиот премиер се пофали дека обезбедил едукација на 100-тина доктори, додека дома му штрајкуваат околу 1.500 специјалисти и професори со повеќе годишно искуство и илјадници операции зад себе.

„Народот е во дилема, дали нашиот премиер има намера барем „Свети Никола“ да го прослави во Македонија“, прашува ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он