Бачев: Поднесовме тужба за поништување на 7 кандидатски листи и поништување на изборните резултати од овие листи

Од:

Народно движење за Македонија поднесе тужба за поништување на 7 Листи на кандидати за избор на пратеници како и поништувањето на изборните резултати во врска со овие листи.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ Јанко Бачев рече:

-„Денес Народно движење за Македонија ја поднесе најавената тужба за поништување на седум Листи на кандидати за избор на пратеници поднесени од 7 подносители, поточно од три коалиции и четири политички партии. Овие листи се незаконски од најмалку четири причини: Прво, во една листа сите кандидати се машки лица иако според Изборниот законик најмалку 40% од кандидатите мора да му припаѓаат на помалку застапениот пол, односно, кандидати жени. Второ, во две листи на една партија на секои три места нема кандидат-жена иако според Изборниот законик на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол, односно женско лице. Трето, во одлука на ДИК со која се потврдуваат листите кај една коалиција како подносители се утврдени две партии и две здруженија иако според Изборниот законик подносители на листи се регистрирани политички партии или група избирачи, што значи дека законот не дозволува подносител да биде здружение на граѓани. Четврто, сите листи на партиите ДУИ, ДПА, Беса и Алијанса за Албанците се поднесени на албански јазик иако според Изборниот законик, подносителите на листите во изборните единици во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, поднесувањето на листите може да се врши и на друг јазик и овој услов е законски само во Изборната единица број 6, меѓутоа, овие партии листите ги поднеле на албански јазик и во изборните единици 1,2,3, 4 и 5 каде нема најмалку 20% население кое зборува јазик различен од македонскиот. Ова се правните аспекти на тужбата, а за политичкиот аспект да спомнам дека оваа тужба е значајна за НДМ бидејќи со другите докази кои ги имаме ќе покажеме дека помалите партии и коалиции од македонскиот блок на изборите беа своевидни филијали на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ кои одработија за нив по нарачка, заради што, НДМ како единствена автентична опозициска партија која тргна да го руши двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ мораше по секоја цена да биде тргната од изборите поради политички сценарија иако сите седум листи на нашата партија беа составени според Изборниот законик, но, на фамозната седница на ДИК на 14 ноември околу 4 часот наутро во стилот на мафијашките организаици, ДИК ги тргна листите на НДМ поради политиката и политичките сценарија. Свесни сме за тежината на прашањата во тужбата, бидејќи се бара поништување на изборни резултати, но, очекуваме судечкиот судија кај кој ќе падне предметот да покаже храброст и знаење и да одлучи според логиката на правото – рече Бачев.

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска