СДСМ Аеродром: Лажната грижа на Коневски и ДПМНЕ не поминува, аеродромци одбраа промени

Од:

Крајно безобразна и дрска лага е наводната грижа на Коневски и советниците на ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните во Аеродром, општината до сега нема преземено никакви мерки кои би биле во насока да се намали загадувањето кое во Лисиче е најголемо, обвинуваат од советничката група на СДСМ во Аеродром.

„Четири години по ред, во секој буџет бараме средва за да се оформи социјален фонд, да се обезбедат средства за испитување на квалитетот на воздхот во општината и секоја годна амандманите се отфрлаат. Се отфрлаат како не реални предлози на опозицијата кој биле обичен политички памфлет за собирање гласови. Ако беа толку загрижени, како што сега сакаат да се прикажат, ќе го прифатеа амандманот на буџетот, поднесен од СДСМ и коалицијата, на 59-тата седница на Советот, кога се носеше буџетот за 2017 година. Ќе прифатеа, парите наместо за дрва, да се пренаменатза испитувања на квалитетот на водата и воздухот во општина Аеродром како и за тековно одржување на Усјанскиот канал“, велат советниците од СДСМ.

Велат, откако катастрофалните политики на Коневски и ДПМНЕ во Аеродром беа казнети со пораз на изборите на 11 декември, Коневски и неговите советници се разбудија и се загрижија за здравјето на граѓаните.

„Општината и предлагачот ќе треба да одговори како и врз основа на што ќе ги распредели дрвата на социјлано загрозените семејства, без притоа да не дискриминира ниту едно загрозено семјетво. Советничката група на СДСМ ќе го подржи овој предлог, затоа што станува збор за предлог кој е токму на нашата советничка група препишан од ВМРО-ДПМНЕ. Ги охрабруваме кога веќе осум години немаат свој идеи и проекти да продолжат и во иднина да ги препишуваат нашите проекти кој токму се и потребите на граѓаните. Промените во Македонија започнаа. Аеродром веќе одбра промени. Аеродром гласаше за живот, стои во соопштението на советниците од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

Германската полиција уапси Хрват поради дрон над аеродромот

Тревога во Германија: Аеродромот во Минхен итно затворен поради дронови

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски