Кошаркарскиот натпревар од Втората шпанска лига меѓу Бургос и Касерес сигурно ќе влезе во историјата на овој спорт, како дуел со неверојатен резултат.
Имено, кошаркарите на Касерес првиот кош на овој натпревар го постигнаа дури во деветата минута, откако домашниот тим на Бургос веќе оствари убедлива предност од 30:0.
Првата четвртина заврши со резултат 30:4, а на крајот домашниот тим забележа убедлива победа со 91:69.
Инаку, Бургос е екипа која претендира за највисок пласман, односно се бори за место во елитната прва АЦБ лига, додека Касерес е на 13. место на табелата во Втората шпанска кошаркарска лига.